Француската премиерка предупреди на можни рестрикции престојната зима

Од:

Француската премиерка Елизабет Борн ги предупреди денеска раководствата на компаниите за ризик од рационализирање на енергијата во текот на зимата, повикувајќи ги да преземат чекори за намалување на потрошувачката.

„Ако дејствуваме колективно, тогаш можеме да го надминеме ризикот од недостиг, но доколку сите не се вклучат и ако се спојат сите лоши сценарија, тогаш би можеле да бидеме принудени да наметнеме рестрикции за потрошувачите“, рече таа.

„Ако завршиме со рационализирање, компаниите ќе бидат најпогодени и за жал треба да бидеме подготвени за тоа“, истакна француската премиерка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз