Француска новинарка убиена во Централноафриканската Република

Од:

Француската новинарка Камиј Лепаж е убиена во Централноафиканската република (ЦАР), соопшти денеска Елисејската палата.

– Претседателот на републиката со големо жалење ја прими веста за смртта на француската новинарка Камиј Лепаж, која работеше на репортажа во ЦАР, се вели ви соопштението.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, телото на новинарката, според Елисејската палата, било пронајдено од страна на патрола на француските сили стационирани во ЦАР, при контрола на автомобил во регионот на Буар.

Шефот на француската држава Франсоа Оланд веднаш испратил екипа на полицајци во ЦАР.

– Ќе бидат преземни сите потребни мерки за да се разјаснат околностите на ова убиство и да се најдат убијците на нашата сонародничка, се вели во соопштението на Кабинетот ма Оланд.

Францускиот претседател притоа им изразува најискрено сочувство на блиските на новинарката, со кои ја споделува болката.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад

Ана Ололовска