Франција: Сакаме да извезуваме украинско жито по копнен пат, не можеме да зависиме од Путин

Од:

Франција работи на тоа да и дозволи на Украина да извезува храна по копнен пат преку Полска и Романија, изјави денеска министерот за земјоделство откако Русија се повлече од клучниот договор за извоз среде војната со Украина.

„Сакаме да видиме, ако не е можно да се премине Црното Море, дали тоа може да се направи по копнени патишта, особено низ Романија и Полска“, изјави министерот за земјоделство Марк Феснеу за радиото RMC.

„Ќе продолжиме да работиме кон систем каде што нема да зависиме од добрата волја, во овој случај лошата волја на Владимир Путин“, рече Феснео.

Русија го суспендираше учеството во договорот на ОН

Русија во саботата го суспендираше своето учество во договорот на ОН за жито „на неодредено време“ по, како што рече, голем напад од украински беспилотни летала врз нејзината црноморска флота на Крим.

Обединетите нации, Турција и Украина договорија транзитен план за 16 бродови да продолжат понатаму, и покрај повлекувањето на Русија од договорот на ОН.

Овој договор овозможи извоз на украински земјоделски производи на светските пазари.

Руската одлука најверојатно ќе влијае на пратките во земјите зависни од увозот. Цените на пченицата и пченката пораснаа откако Русија се повлече од договорот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски