Франција ја поддржува идејата за создавање тампон зона меѓу Турција и Сирија

Од:

Франција денеска ја поддржа идејата за создавање тампон зона меѓу Турција и Сирија, со цел да се заштити локалното население, соопшти кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд.

– Претседателот изрази неопходност од спречување на ѕверствата во северниот дел на Сирија. Тој ја поддржи идејата предложена од турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган за создавање тампон зона меѓу Сирија и Турција, која ќе ги прифати и заштити раселените лица, се наведува во соопштението.

Во текстот се додава дека двете страни имаат заеднички став и за потребата да и биде укажана дополнителна помош на умерената сириска опозиција во борбата против сирискиот претседател Башар ал Асад и џихадистичката група Исламска држава (ИД). 

Би можело да ве интересира

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on