Франција и врати 900 милиони евра на Русија за носачите на хеликотери

Од:

Франција и ги врати на Русија сите пари за неиспорачување на двата носачи на хеликоптери „Мистрал“, а сумата изнесува 900 милиони евра, изјави висок претставник на Федералната служба за воено-техничка соработка на Русија.

Париз денеска официјално соопшти дека на Москва и уплатил средства за неиспорачувањето на бродовите „мистрал“, која во моментот на раскинувањето на договорот веќе имала платено 800 милиони евра.

Според високиот претставник, разликата во сумата претставува компензација за парите кои се платени за конструкторските работи за изработка на хеликоптерот К-52К, за одржување на специјалните обуки за управување со бродовите и изградбата на специјалното пристаниште за бродовите во Владивосток.

Би можело да ве интересира

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја