ФОТО: Татко и ќерка заедно војуваат во Кобане

Од:

Како што пренесуваат медиумите, жените борци од курдска националност играат голема улога во одбрана на градот Кобане од припадниците на ИСИС.

Деветнаесетгодишната Первин Кобани, ќерка на еден фармер е една од тие борци и е дел од тимот кој го држи источниот дел од фронтот во одбрана од екстремистите, а пред неколку недели на еден уличен агол налетала на својот татко.

Според наводите таа се изненадила кога видела дека и тој има оружје во рацете, бидејќи не знаела дека одлучил да се бори, затоа што мајка и побегнала во Турција, а брат и е на студии во Алжир.

– Горда сум што и мојот татко се бори против исламистите, тоа ми дава сила да се борам уште повеќе. Тој ми е пред се соборец, но кога го прегрнувам го прегрнувам како татко- вели Первин која минатата недела заминала да се сретне со него.

tatko-kerka-kobane1

Первин и нејзиниот татко, како и сите нивни соборци, цврсто одлучиле да не попуштат пред налетите на исламските екстремисти.

Таа вели дека нејзината желба е да живее слободно и нормално и додава дека ќе го брани својот град до последната капка крв.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град