ФОТО: Околу 40 лица повредени во супер бурата во Австралија

Од:

Најмалку 39 лица се повредени во супер бурата, која го погоди третиот по големина австралиски град Бризбејн.

Премиерот на сојузната држава Квинсленд, Кембл Њуман изјави дека на сите ранети им била пружена медицинска помош и оти тие не се во животна опасност.

АВСТРАЛИЈА БУРА 2

Брзината на ветерот вчера попладне во градот достигна 140 километри на час, а самиот центар на градот беше погоден од големи парчиња град, поради што локалното Собрание ја прекина работата.

Голем број улици се поплавени, поради што е парализиран градскиот сообраќај.

Силниот ветер корнеше покриви на згради, а изутринава во расчистување на улиците учествуваа градските служби и припадници на армијата.

АВСТРАЛИЈА БУРА 3

Поради соборените дрва и стотици оштетени далноводи без струја вчера останаа 90 илјади домаќинства, а изутринава без струја се 68 илјади домаќинства.

Според првичните проценки штетите од бурата достигнуваат над сто милиони долари.

АВСТРАЛИЈА БУРА 4

Според метеоролозите ова е најсериозната бура во градот во изминатите 20 години.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он