Поголем број Јужноафриканци минатата ноќ се собраа на молитва за Мандела, пред неговиот некогашен дом во Совет, предградие на Јоханесбург.
Претседателот на Јужна Африка, Џејкоб Зума рече дека здравствената состојба на Мандела, е малку подобра, но се уште е критична.
Нелсон Мандела (94) поради инфекција на белите дробови на 8-ми јуни е примен во болница во Преториј.
Како лидер на движењето против апартхејдот помина 27 години во затвор, во време на расистичките власти на белците.
Од затвор излезе 1990, а 1994 година стана прв црнец претседател на Јужна Африка. За своите залагања доби повеќе од 250 признанија меѓу кои и Нобеловата награда за мир.
Елена Георгиевска