ФОТО: Човекот што ги налути муслиманите

Од:

Фотографија од главниот виновник за протестите на муслиманите, Накула Баселеј, режисерот на филмот „Невиноста на муслиманите“ се појави по медиумите.

Ана Гурџи глумицата со која Накула е фотографиран го отстапила својот примерок од фотографијата на американскиот печат, па египетскиот копт кои живее во САД, конечно можат да го видат сите.

Сликата била направена во средината на минатата година за време на снимањето на контраверзниот филм.

Ана, без нејзино знаење ја глумела сопругата на Мухамед и вели дека Накула менувал се постојано, така што никој од нив не знаел дека по снимањето Баселеј ќе ги направи сите тие промени.

„Јас ја глумев најмладата невеста на Џорџ, во филмот кој се викаше „Пустински воин“. Не знаев дека подоцна Џорџ ќе стане пророкот Мухамед“, изјавила Ана додавајќи дека многу е исплашена за се што се случи. Седи дома заклучена, загрижена за својата безбедност и постојано пие лекови за смирување.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Египет бара формирање независна држава Палестина

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски