Финска прогласи вонредна состојба

Од:

Финска денеска прогласи вонредна состојба, придружувајќи се на голем број европски земји кои на сличен начин се обидоа да го спречат ширењето на новиот коронавирус.

Премиерката Сана Марин рече дека со новите одредби што формално ќе се усвојат утре, ќе се затворат сите фински гранични премини за сите патници со исклучок на фински државјени кои се враќаат во државата. Протокот на стоки и лекови ќе биде олеснет.

Училиштата и универзитетите се затвораат од среда, а одлуката ќе остане во сила до 13 април.

Забранети се и посети на домови за стари лица.

Јавните собири на повеќе од десет лица ќе бидат забранети, а ќе бидат затворени и културни институции и спортски центри.

Би можело да ве интересира

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

ВИДЕО: Почина едно од децата рането во пукањето во Финска

Катерина Ѓуровски

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Финска има нов претседател