Финска можеме да ја збришеме од лицето на земјата за 10 секунди вели соработник на Путин

Од:

Заменик-претседателот на Комитетот за одбрана на руската државна дума Алексеј Журављов, близок соработник на Путин, предупреди дека Русија може да ја избрише Финска од лицето на земјата за десет секунди.

Тој, исто така, и се закани на Британија, велејќи дека на нуклеарните проектили им биле потребни само три минути за да стигнат до островот.

„Американците ќе направат сè за да доведат до Трета светска војна. Ќе се обидат да ја вовлечат цела Европа во конфликт со Русија, ќе се обидат да ја запалат ситуацијата во Азија и да размрдаат што е можно повеќе земји. За нив тоа ќе биде одличен начин за излез од внатрешната економска криза. Тие ќе можат за сите проблеми да ја обвинат војната, како што веќе правеа во Првата и Втората светска војна“, додаде тој.

На прашањето дали е можно Русија прва да нападне со атомска бомба, тој одговори: „Секако, но под услов да се доведе во прашање самото постоење на Русија“.

Тој им се закани и на балтичките земји велејќи дека Русија не се плаши од кикирики држави.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли