Финска ги затвори сите копнени гранични премини со Русија

Од:

Владата на Финска одлучи целосно да ги затвори сите копнени гранични премини со Русија од 30 ноември до 13 декември, објави премиерот Петери Орпо.

Според него, Хелсинки смета дека краткорочното и целосно затворање на граничните премини ќе биде ефикасно решение за проблемот со приливот на мигранти од руска територија во Финска.

„Целта е што поскоро да се нормализира ситуацијата на границата со Русија“, рече тој, пренесува Интерфакс.

На 18 ноември, Финска затвори четири гранични премини во југоисточна Финска до 18 февруари, наведувајќи го наводниот масовен влез на мигранти од трети земји кои бараат азил во Финска на финската граница организирана од Русија.

На 22 ноември, финската влада одлучи да затвори уште три контролни пунктови до 23 декември, оставајќи го отворен само најсеверниот, Раја-Јосепи.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

Орце Костов

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција