Финансирање на сириските бегалци од британскиот фонд за меѓународен развој

Од:

Британското Министерство за финансии ја испитува можноста, финансирањето на новите сириски бегалци да се спроведува од фондовите за меѓународен развој, пишуваат лондонските медиуми.

Министерството планира голем дел од парите, што се наменети за меѓународен развој и помош на разни земји низ светот, сега  да им се префрлаат на општинските совети во земјата за покривање на нивните трошоци за обезбедување станови и куќи во кои би живееле бегалците од Блискиот Исток.

Весниците кои се блиски до владејачката Конзервативна партија, досега, заговараа прекинување на помошта на повеќе земји на кои Велика Британија секоја година им помага во нивниот развој, а посебно на земји како Индија, која е во редот на економиите со зголемен раст.

Според дел од британските експерти, помошта за Индија треба да се прекине, затоа што оваа земја сега се јавува како крупен инвеститор во британската економија, а секоја година добива пмош за унапредување на сопственото образование и за развој на руралните средини.

Некои експерти сметаа дека фондовите за развој и помош треба да се лимитираат во услови кога Велика Британија спроведува остри мерки за кратење на соопствените социјални фондови, но сега сите се согласуваат дека покривањето на трошоците за приемот на бегалците од Сирија треба да се спроведува од овие средства.

Засега не е познато, дали фондовите ќе добијат дополнителни пари од државниот буџет или парите кои веќе се определени ќе се прелеат за британските општински совети за сместување на бегалците.

Медиумите во Лондон и понатаму оперираат со различни бројки околу тоа колку нови бегаци ќе прими Велика Британија.

Според, премиерот Дејвид Камерон, станува збор за 20 илјади во наредните пет години или до крајот на мандатот на оваа Влада и тоа не од оние кои веќе се на европслиот континент, туку од бегалските кампови крај сириската граница, но весниците тврдат дека таа бројка нема да биде повеќе од 10-14 илјади луѓе.

Претходно, премиерот Камерон соопшти дека неговата земја нема да се вклучи во планираната квота за распределување на бегалците од Блискиот Исток и зборуваше повеќе за тоа дека треба да се надмине ситуацијата што ги покренува бегалците, а не за постојан прием на нови луѓе.

Владата и Камерон го променија ставот по силниот притисок во домашната јавност, што ја покрена опозициската Лабуристичка партија, а потоа ја прифатија и весниците, особено по трагедијата со десетината удавени бегалци-Курди, чии тела беа исфрлени од морето на плажата кај летувалиштето Бодрум.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски