Фидес поддржа тестирање на младите за дрога една годишно во Унгарија

Од:

Пратениците во унгарскиот парламент од редовите на владејачката Фудес денеска поддржаа предлог за воведување обврзно годишно тестирање за дрога на деца на возраст меѓу 12 и 18 години.

Претседателот на парламентарната група на Фидес, Антал Роган изјави дека тој предлог треба да се прилагоди, но дека ќе биде заштита за децата од дрога и ќе придонесе во борбата против трговијата со дрога и организиран криминал.

Се очекува предлог законот да биде подготвен во февруари кога ќе се расправа во парламентот. Резултатите од тестовите ќе им бидат давани само на родителите на децата и оти позитивен тест нема да значи и законски последици за малолетникот.

Портпаролот на Фидес минатата недела изјави дека за тестирање на дрога ќе бидат подложени и политичарите и новинарите, но Роган денеска изјави дека се потребни правни консултации за тој предлог.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон