Фидес е победник на локалните избори во Унгарија

Од:

Партијата на премиерот Виктор Орбан, Фидес е победник на вчерашните локални избори во Унгарија, остварувајќи победи во главниот град Будимпешта и 20 од вкупно 23 поголеми градови во земјата.

По преброени 83 проценти од гласовите, премиерот Орбан излезе со трета изборна победа годинава по парламентарните и евроизборите во земјата.

Крајнодесничарската партија Јобик, заостанува значително зад Фидес, остварувајќи победа во девет помали градови во Унгарија.

Изборната активност на вчерашните локални избори во Унгарија изнесува 42 проценти, што е за околу 4 проценти помалку од 2010 година.

Би можело да ве интересира

Орбан: Ако Турција ги пушти бегалците, ќе употребиме сила на границата

Ана Ололовска

Орбан ги загуби изборите, унгарската опозиција ја освои Будимпешта

Ана Ололовска

Локални избори во Унгарија

Татјана Ташкова

Околу 2.000 диви свињи во Унгарија заразени од свинска треска

Унагрија уште на 5 август го одбила барањето за екстрадиција на Груевски

А1он

Бучер: Ниту еден Унгарец не е прифатлив како еврокомесар за проширување

Ана Ололовска

Leave a Comment

three × four =