Фејсбук, Мајкрософт, Твитер и Јутјуб заедно против тероризмот

Од:

Технолошките компании одлучија да преземат заедничка акција против терористичките пропаганди на Интернет, па така Фејсбук, Мајкрософт, Твитер и Јутјуб ќе ги здружат силите со цел, од почетокот на 2017 година, побрзо да идентификуваат таков вид на пропаганда и да го спречат нејзиното ширење по мрежите.

Цел на заедничката нова програма е воспоставување на база на подотоци за единствени дигитални „отисоци на прсти“, односно карактеристични компоненти, со цел автоматски да се идентификуваат видеа или фотографии кои овие компании потоа можат да ги отстранат.

Во рамките на новото партнерство, компаниите ветија дека меѓу себе ќе разменуваат карактеристични компоненти на „најекстремни и најгрозоморни терористички фотографии и видеа“, кои ќе ги отстранат од нивниот сервис, односно содржина која не соодветствува со нивната политика.

Се очекува новата акција на технолошките компании да влезе во пракса кон почетокот на 2017 година, со цел да се намали загриженоста на владите поради содржините на социјалните мрежи за кои се смета дека се повеќе го поттикнуваат регрутирањето и радикализирањето на терористите.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, а сега вреди помалку од 20 милијарди долари

Ана Ололовска

На Twitter не работи речиси ништо

Ана Ололовска

МВР потврди дека го чешла интервјуто на Латас – се е документирано

А1он

Твитер продолжува да отпушта вработени

Ана Ололовска

Маск: Ќе ја напуштам функцијата шеф на Твитер штом најдам некој доволно глупав за оваа работа

Ана Ололовска