Фејсбук ќе ги отстранува лажните вести пред изборите во Велика Британија

Од:

Компанијата Фејсбук соопшти дека од социјалните мрежи ќе отстрани повеќе од десетина илјади налози од Велика Британија во рамките на борбата против лажни вести пред парламентарните избори, што ќе се одржат на осми јуни.

Фејсбук исто така преку огласи во британските дневни весници ги советува читателите на кој начин да препознаат лажни содржини.

– Читателите треба да бидат скептични кога се во прашање насловите и да обрнат внимание на униформниот ресурсен локатор односо УРЛ, наведуваат од Фејсбук.

Компанијата истакнува и дека унапредена платформата за поефикасно откривање на налози кои пласираат лажни вести.

– Платформата ќе доведе до коренот на проблемот. Фејсбук ќе соработува и со другите организации за проверка и анализи на содржините пред избори. Фејсбук прави се што може во борбата против лажните вести, изјави директорот на Фејсбук во Велика Британија, Сајмон Милнер.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

По 20 години постоење, Фејсбук има повеќе од три милијарди корисници

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“