ФБИ знаело дека Хитлер е жив?

Од:

Неодамна пронајдениот документ на ФБИ, докажува како американската влада знаела дека Адолф Хитлер е жив и здрав и дека со години по Втората светска војна живеел во Аргентина. Но, наводно на 30-ти април 1945 година извршил самоубиство во својот бункер, а неговото тело подоцна го идентификувале Руси.

Според наводите во новооткриените документи на ФБИ, можно е најозлогласениот човек во историјата да побегнал од Германија и мирно да живеел во Аргентина.

Она што е запрепастувачки е фактот што вработените во ФБИ знаеле дека Хитлер живее на Андите.

Во писмо кое во 1945 година пристигнало во Лос Анѓелес, анонимен доушник договорил размена на информаци, под услов да му биде овозможен политички азил. Она што го рекол ги запрепастило агентите.

Тој не само што тврдел дека Хитлер е во Аргентина, туку бил еден од четирите лица кои сретнале таинствена подморница. Според неговата приказна, до аргентинскиот брег пристигнале две подморници, од кои во едната бил Хитлер и Ева Браун.

Аргентинската влада не само што го дочекала поранешниот диктатор, туку и му помогнала да се сокрие. Наспроти информациите, ФБИ никогаш не истражил нови трагови. Дури и едно воено лице од Буенос Аирес го информиралВашингтон дека постои голема можност Хитлер и Ева Браун да се во Аргентина.

Можеби најцврстите докази дека Хитлер го преживеал падот на третиот Рајх лежат во Русија. Набргу по советската окупација на Германија, наводните остатоци на нацистичкиот лидер се испратени во Русија.

Во 2009 година на Николас Белатониј му било дозволено да направи ДНК тест, кој покажал дека примероците од Хитлер и Ева воопшто не биле исти со постоечките.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски