ФБИ потроши над еден милион долари за отварање на ајфонот на напаѓачот од Сан Бернардино

Од:

ФБИ плати над еден милион долари за хакери, кои требаше да ја разбијат заштитата на ајфонот на еден од напаѓачите во Сан Бернардино, изјави директорот на Бирото, Џејмс Коми.

Тој одговарајќи на прашање на конференција за безбедноста, која се одржа во Лондон, во врска со сумата, платена од ФБИ за отварање на смартфонот, одговори: „Плативме многу. Со сигурност сумата е поголема од таа што ќе ја заработам, додека истече мојот мандат на оваа функција по седум години и четири месеци“.

Платата на Коми е 14.900 месечно, а според овој показател ФБИ за деблокирање на телефонот платила 1,3 милиони долари.

ФБИ и компанијата Епл водеа судски спор поради смартфонот на Сајед Фарук. Епл одби да ги деблокира и го принуди ФБИ сам да се справи со ситуацијата.

Фарук и неговата сопруга застрелаа кон крајот на минатата година 14 лица во социјален центар во Сан Бернардино во Калифорнија, пред да бидат ликвидирани во претстрелката со полицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ФБИ почна истрага: Моден магнат со години силувал млади мажи и им ветувал кариера

Трамп ги предупреди Американците: Внимавајте, ФБИ ви испраќа тајни шпиони

ФБИ го истражува градоначалникот на Њујорк, запленети се неговите телефони

ФБИ: Нападот на Хамас може да послужи како инспирација за терористички закани во САД

ФБИ уби маж кој му се закануваше на Бајден

Горан Наумовски

ФБИ: Повеќе од 200 жртви на сексуална злоупотреба се спасени во двонеделна операција