Фаучи: Вакцинираните лица ќе добијат препораки за однесување

Од:

Националниот институт за алергиски и заразни болести во САД наскоро ќе издаде нови препораки за граѓаните вакцинирани против коронавирусот.

Во интервју за телевизијата МСНБЦ, главниот специјалист за инфективни болести во земјата, Ентони Фаучи рече дека наскоро ќе бидат објавени „голем број препораки“ со најоптимални медицински правила на однесување за луѓето кои примиле барем една доза од вакцината.

– Овие препораки ќе се однесуваат на патувања, за однесување на работното место и во молитвените куќи, рече Фаучи.

Како што истакнува весникот „Хил“, изјавата на Фаучи е дадена во врска со се почесто манифестираната независност на одделни држави, кои ги укинаа ограничувањата наметнати од пандемијата.

Властите во некои држави го укинаа задолжителното носење маски на јавни места и други безбедносни мерки, вклучително и дистанцата.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден ги повика локалните власти да се воздржат од „рано укинување на ограничувањата“ за да се избегне отстапување од позитивните трендови во борбата против пандемијата на земјата.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски