Директорот на американскиот Национален институт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, изјави дека вакцината против коронавирусот може да биде достапна до октомври.
Американскиот експерт не ја исклучува можноста вакцината против коронавирусот да биде достапна до октомври, но вели дека е поголема веројатноста таа да може да се користи во ноември.
Според „Гардијан“, Фаучи смета дека издавањето дозвола за вакцина против коронавирусот во октомври сигурно ќе биде изводливо доколку таа опција остане отворена, но дека се сомнева оти тоа ќе се случи пред ноември.
Американскиот национален институт за здравство денеска ја почна третата фаза на тестирање на вакцината против смртоносниот коронавирус, пренесе „Гардијан“.