Фаучи: Првите извештаи за омикрон покажуваат дека е помалку опасен од делта сојот на коронавирусот

Од:

Главниот советник на американскиот претседател за пандемијата, инфекторлогот д-р Ентони Фаучи, изјави денеска дека иако има броз ширење на омикрон сојот на коронавирусот, првите индикации покажуваат дека тој е помалку опасен од делта сојот.

Фаучи за Си-Ен-Ен изјави дека на научниците им требаат повеќе информации пред да донесат заклучок за сериозноста на видот омикрон.

Извештаите од Јужна Африка, каде што се појави и станува доминантен вид, покажуваат дека стапката на хоспитализација не е алармантно зголемена.

-Засега, се чини, дека нема висок степен на сериозност, но навистина треба да бидеме внимателни пред да заклучиме дека омикрон е помалку сериозен и не предизвикува тешка клиничка слика, во споредба со делта сојот, рече Фаучи.

Тој изјави дека администрацијата на Бајден размислува за укинување на ограничувањата за патување за патниците од неколку африкански земји кои не се американски државјани

-Да се ​​надеваме дека ќе успееме да ја укинеме забраната во прилично разумен временски период, рече Фаучи, додавајќи дека сите се чувствуваат лошо поради тешкотиите со кои се соочуваат Јужна Африка и другите африкански земји.

Сојот омикрон до денеска е откриен во третина од американските држави, вклучувајќи го североисточниот, јужниот и западниот брег. Висконсин и Мисури се меѓу последните држави каде што се потврдени нови инфекции со соеви.

Во САД се уште е доминантен делта сојот на коронавирусот, сочинувајќи ги повеќе од 99 отсто од случаите и предизвикувајќи зголемување на хоспитализациите на север од земјата.

Американските власти продолжуваат да ги повикуваат луѓето да се вакцинираат и да добијат засилена доза, како и да носат маски во затворени простории бидејќи сето тоа придонесува за заштита од делта, но и од други соеви на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски