ФАРК го ослободи киднапираниот колумбиски генерал

Од:

Бунтовниците од ултралевичарската група Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК) го ослободија генералот Рубен Дарио Алзате и уште две други лица, кои беа киднапирани пред две недели.

Генералот на колумбиската армија и другите две лица, еден војник и адвокатот Глорија Урего, им беа предадени на претставници на една хуманитарна група поврзана со Црвениот крст, по што сите тројца беа префрлени во веона база.

Црвениот крст го потврди ослободувањето на киднапираните, објаснувајќи дека тие им биле предадени на хуманитарците во една оддалечена област во провинцијата Чоко, во изолиран дел на џунглата на пацифичкиот брег на Колумбија.

Генералот Алзате и другите две лица беа грабнати на 16 ноември, додека патуваа со брод по реката Атрит.

Според претставник на ФАРК, киднапирањето е извршено затоа што колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос продолжува со воените операции против припадниците на ова движње, иако веќе две години во Хавана траат мировните преговори меѓу ФАРК и Владата.

Ова беше првпат во полувековната историја на граѓанската војна во оваа јужноамериканска држава, бунтовниците да киднапираат еден колумбиски генерал.

Веднаш по грабнувањето на генералот, претседателот Сантос нареди прекин на преговорите во главниот град на Куба.

Би можело да ве интересира

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Претседател на колумбиски второлигаш e убиен по поразот на неговиот клуб

Горан Наумовски