Фалон и Матис бараат од членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана

Од:

Министрите за одбрана на Велика Британија и САД, Мајкл Фалон и Џејмс Матис денеска побараа од земјите членки на НАТО да прифатата „фер распределба“ на трошоците за одбрана и да го зголемат издојувањето на буџетски средства за вооружување.

На заедничката прес-конференција по нивната средба во Лондон, Фалон изјави дека земјите членки на НАТО што нема да ја исполната минималната квота за одвојување на средстав за одбраната во износ од два отсто од сопствениот Бруто домашен производ (БСП), да прифатат секоја година да ги зголемуваат трошоците за одбраната.

Фалон ги критикуваше земјите од Европа што не издвјуваат доволно за одбраната и посочи дека од вкупно 28 земји членки на Алијансата, само пет, меѓу кои се и Велика Британија и САД, ја исполнуваат квотата од два отсто од БДП за одбраната.

– Се согласивме со американакиот секретар за одбрана дека нашата безбедност е поранлива од кога било досега, по завршувањето на Студената војна, рече Фалон.

Тој одново ја истакна британската определба дека земјата нема поблизок пријател од САД, додека Матис од своја страна го нагласи значењето на британското воено глобално присуство.

– Тоа ние е потребно како и секогаш досега низ историјата, рече Матис.

Британскиот министер ја искористи прес-конференцијата одново да ја смирува европската јавност, уверувајќи го Брисел дека погрешно е протолкувано писмото на британската премиерка Тереза Меј со кое формално беше покренат процесот на Брегзит.

– Ако немаме договор (со ЕУ за Брегзит) тогаш сите сме послаби. И ние (Британците) и ЕУ, затоа што станува збор за заедничка борба против тероризмот и организираниот криминал, рече Фалон, отфрлајќи ги обвинувањата за британска „уцена и закана“ кон ЕУ уште пред да почнат преговорите.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски