Компанијата „Фајзер“ соопшти дека планира до април да аплицира за добивање целосно одобрение на својата експериментална вакцина за коронавирус во САД, иако нивната вакцина во моментов чека кај американската Администрација за храна и лекови (ФДА) одобрение за итна употреба.
Ова го изјави извршниот директор на „Фајзер“, Вилијам Грубер, на состанокот на независните американски советници за храна кои утврдуваат дали ќе биде издадено итно одобрение за вакцината направена од „Фајзер“ и германскиот партнер „БиоНТек“, пренесуваат британските медиуми.