„Фајзер“ може и да стигне со рокот за испорака на вакцините во ЕУ

Од:

Германски „БиоНТек“ и американската „Фајзер“ се на добар пат навреме да ги испорачаат своите вакцини против коронавирусот за Европската унија, соопшти денеска германската компанија.

„БиоНТек“ и „Фајзер“ работат до 15 февруари да го зголемат снабдувањето со вакцината што заедно ја развија во Европа, се наведува во соопштението, пренесено од британските медиуми.

„Фајзер“ успешно ги модифицираше производствените капацитети во својата фабрика во Пурс, Белгија, враќајќи ги компаниите кон оригиналниот распоред на испораки на дозите од вакцини во Европската унија, наведе „БиоНТек“.

Компанијата, исто така, соопшти дека нејзината европска производствена мрежа и натаму се шири, од првичните три партнера во декември 2020 година, кога компанијата за прв пат доби одобрение за вакцинирање, на сегашните 13.

Компаниите очекуваат во 2021 година да произведат две милијарди дози од вакцината.

Европските земји се соочуваат со големи доцнења на испораките на вакцини, а сите западни производители на вакцини кои добија одобренија од Европската агенција за лекови (ЕМА) – Модерна, Фајзер и АстраЗенека, заостануваат зад своите цели на испорака.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД