Фармацевтските компании, Фајзер и Модерна во новите договори со Европската Унија ги покачиле цените на вакцините против Ковид-19.
Новата цена на вакцината Фајзер сега е 19,5 евра, а претходно беше 15,5 евра. Вакцината на Модерна во првиот договор чинеше 19 евра, а сега е дури 25,5 евра.
Новите договори со овие две компании се склучени во специфичен момент за Европската Унија која се соочува со проблеми во испораките на вакцините Астра зенека и Џонсон и Џонсон затоа што зравствените власи ги испитуваат случаите на згрутчување на крвта кои се поврзуваат со овие вакцини.
Брисел дополнително се соочува и со критики на некои од земјите членки, пред се од Австрија поради „нечесната“ дистирбуција на вакцините.