„Фајзер“/„БиоНТек“ почнаа со тестирање на вакцината и врз деца на возраст од шест месеци до 11 години

Од:

Вакцината против корунавирусот на компаниите „Фајзер“/„БиоНТек“ почна да се тестира и врз деца на возраст од шест месеци до 11 години, изјави денеска портпаролот на „БиоНТек“ за ДПА.

Вакцината против Ковид-19, заеднички изработена од компанијата со седиште во Мајнц и американскиот фармацевтски гигант, досега доби условно одобрување за адолесценти на возраст од 16 и повеќе години.

Првите испитаници на возраст од 11 и помалку години вчера ги добија своите први дози од вакцината, како дел од првата фаза на студијата. Доколку безбедноста и ефикасноста се потврдат и властите дадат одобрение, вакцината може да им биде достапна на помладите деца на почетокот на 2022 година, соопштија двете компании, пренесе ДПА.

Во три одделни клинички испитувања вакцината веќе се тестира врз деца на возраст меѓу 12 и 15 години. Според извештаите, во оваа фаза од испитувањето учествуваат околу 2.259 деца од оваа возрасна група, а податоците ќе бидат објавени наскоро.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД