Фајзер/Бионтек ќе достават уште сто милиони вакцини на ЕУ

Од:

Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ и германската компанија „Бионтек“ соопштија дека ќе ја снабдат ЕУ со дополнителни 100 милиони дози од нивната вакцина во 2021 година.

Соопштението следи по одлуката на Европската комисија да се прибегне кон опција за набавка на дополнителни дози, што е дел од договорот за предвремена набавка на вакцини потпишан на 17 февруари 2021 година.

Комисијата ќе купи дополнителни 100 милиони дози, што значи дека вкупно 600 милиони дози, што покриваат две третини од населението во Унијата, ќе бидат доставени до ЕУ. Ова е најголемиот договор за „Фајзер/Бионтек“ во светот.

Двете компании планираат да испорачаат 250 милиони дози на ЕУ во вториот квартал.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД