Фајман: Јункер да биде претседател на ЕК и покрај противењето на Камерон

Од:

Австрискиот канцелар Вернер Фајман смета дека треба да биде избран Жан Клод Јункер на местото претседател на Европската комисија и покрај противењето на британскиот премеиер Дејвид Камерон и истакнува дека е неопходно да се исполнат предизборните ветувања.

Во интервју за виенски Естерхај вели дека социјалдемократите се единствени по прашањето дека тоа што ќе се каже пред изборите ќе мора да биде исполнето по гласањето.

– Ако Камерон сака да гласа против Јункер, тогаш мораме во најлош случај да прегласуваме. Тогаш треба мнозинството да гласа за Јункер, изјави тој.

На прашање, што ако Меркел не биде подготвена за тоа, тој вели дека тогаш е неопходно шефот на германската Влада да биде потсетен дека гласала во Даблин Јункер да биде главен кандидат на Народните партии на Европа.

– Сепак, сметам дека Меркел сега искрено го поддржува Јункер, нагласи Фајман.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче