Европскиот совет жали што Велика Британија ја напушта ЕУ

Од:

Жалиме што Велика Британија ја напушта Европската унија, но подготвени сме за процесот што следува. Тоа се нагласува во изјава на Европскиот совет по денешното активирање од Лондон на член 50 од Лисабонскиот договор.

Во преговорите ЕУ ќе дејствува како единствена и ќе ги заштитува своите интереси. Нашата прва задача ќе биде да ја сведеме до минимум несигурноста од одлуката на Британија и нејзините граѓани за нашите граѓани, бизниси и држави. Затоа ќе се фокусираме на клучните точки од договорот за повлекување на Британија. Во разговорите ќе бидеме контруктивни и ќе се обидеме да постигнеме договор. Се надеваме дека Велика Британија ќе остане наш близок партнер, нагласуваат државните и владини шефови од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски