Европската унија и натаму без договор за ембарго на руската нафта

Од:

Амбасадорите на земјите членки на Европската Унија не успеаја да постигнат договор за шестиот пакет санкции против Русија, а нов состанок е закажан за в понеделник наутро пред почетокот на специјалниот самит за Украина.

Комитетот на постојани претставници, составен од амбасадори на земјите-членки, попладнево се обиде да постигне консензус за шестиот пакет санкции, кој вклучува забрана за увоз на руска нафта, но безуспешно.

Во понеделник попладне започнува дводневниот самит на Европската унија посветен на Украина и последиците од руската агресија врз таа земја.

Во исто време, Европската комисија потврди дека ставила на маса изменет предлог со кој ќе се забрани увозот на руска нафта испорачана со бродови до крајот на годината, додека нафтата што пристигнува во ЕУ преку нафтоводот Дружба може да се увезува за некое време за да се олесни ситуацијата за земјите без излез на море, кои во голема мера зависат од руската нафта.

„Европскиот совет ќе биде информиран за предлогот утре, а следната недела се очекува договор на ниво на Coreper“, изјави извор од Европската комисија.

Доколку таквиот предлог помине, прашање е дали земјите кои добиваат сурова нафта преку нафтоводот Дружба ќе можат да ја стават на единствениот европски пазар откако ќе биде рафинирана, бидејќи тоа може да ја наруши еднаквоста на пазарот.

На почетокот на овој месец Европската комисија предложи шести пакет санкции против Русија, но по речиси еден месец преговори не е постигнат договор.

Главна пречка е Унгарија, која бара ослободување од забраната за увоз на руска нафта или голема финансиска компензација за нејзината согласност за шестиот пакет санкции. Унгарија на тој начин го еродира европското единство, што се смета за еден од основните предуслови за успешно спротивставување на агресивната политика на рускиот претседател Владимир Путин.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

68 проценти од Македонците се за влез во Европската унија