Европската комисија постигна договор со „Модерна“ за набавка на вакцината против Ковид-19

Од:

Европската комисија постигна договор со американската биотехнолошка компанија „Модерна“ за набавка на нејзината вакцина против Ковид-19, изјави денеска официјален претставник на ЕУ.

Минатата недела, „Модерна“ соопшти дека нејзината експериментална вакцина е 94,5 проценти ефикасна во спречувањето на Ковид-19, заснована врз привремени податоци од клиничка студија во доцна фаза.

Во август, Комисијата, која преговара со производители на вакцини во име на земјите-членки на ЕУ, соопшти дека се склучени прелиминарни разговори со „Модерна“ со цел потпишување договор за испорака на 80 милиони дози од својата вакцина, со можност за купување на уште 80 милиони.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски