Антималарикот хлорокин и неговиот дериват хидроксихлорокин дериват можат да се користат само во третманот на Ковид-19 во клинички испитувања и во „програми за итни случаи“, предупреди денеска Европската агенција за лекови (ЕМА).
Неколку држави во светот овозможија да препишат антивирусни лекови на пациенти со коронавирус, без да се чекаат резултатите од клиничките испитувања.
Иако резултатите од првите студии во Франција и Кина ветуваат, ефикасноста на хлорокин и хидроксихлороин „допрва треба да се докаже“ и овие активни супстанции треба да се користат само во третманот на „Ковид-19“ во случај на крајна потреба, истакнува европска регулаторна агенција.
– Пациентите и медицинскиот персонал треба да користат хлорохин и хидроксихлороин само во одобрени индикации и во клинички испитувања и програми за итни случаи на национално ниво, објаснуваат тие.
Хлорокин и хидроксихлорокин, главно се користат во лекување на лупус и ревматоиден артритис, може да имаат сериозни несакани ефекти, особено ако се земаат во поголема доза од препорачаната или со други лекови.