Европол: Уапсени 56 лица поради измами со кредитни картички

Од:

Во координирана акција на полициски служби ширум Европа уапсени се 56 луѓе – 38 во Бугарија, 17 во Италија и еден во Холандија, осомничени за измами со кредитни картички, соопшти Европол.

Операцијата спроведена оваа недела ја воделе полициските служби во Италија и Бугарија со координација од Оперативниот центар со седиште на Европол во Хаг. Уапсени се главните осомничени од организираната група и откриен е објект во Пловдив каде се изработувале уреди за читање картички.

Во акцијата само во Бугарија учествувале повеќе од 300 полицајци. Операцијата почнала во декември 2010 година кога беа уапсени 105 осомничени.

Организираната група развила исклучително напреден систем со кој се измамени неколку илјади сопственици на кредитни картички во 20 европски држави, се вели во соопштение.

Криминалците од групата краделе броеви и ПИН кодови со поставување читачи во автомати за подигнување пари, а проценките се дека месечно присвојувале околу 1,5 милиони евра на илегални трансакции, претежно во Доминиканска Република и Перу. Експерите од Европол кои учествувале во таа операција ќе бидат дел од главниот тим во Центарот за кибер-криминал кој ќе биде отворен на 11 јануари во Хаг.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни