Европол: Уапсени 31 лице во Бугарија и Шпанија поради „скимери“

Од:

Бугарската и шпанска полиција уапсија 31 човек дел од организирана криминална група чија специјалност била копирање податоци од приватни кредитни картички на банкомати со помош на скимери, соопшти Европол.

Полицијата извршила претрес во 40 куќи во Малага во Шпанија како и во Софија и Бургас во Бугарија.

Откриени се осум лаборатории и запленети повеќе од илјада предмети меѓу кои и микро-камери, читачи за картички, магнетни ленти, компјутери, телефони и пластични картички.

Пронајдена е и опрема за 3Д-печатење.

Групата користела податоци „симнати“ од банкомати ширум Европа меѓу кои и Италија, Франција, Шпанија, Германија и Турција. Потоа правеле фалсификат картички што ги користеле за подигнување големи количини пари  во Перу и Филипини, се вели во соопштение на Европол.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина