Европејците за итно постигнување на договор за иранската нуклеарна програма

Од:

Европските преговарачи денеска во Виена се заложија за итно постигнување на договор за иранската нуклеарна порограма.

– Преговорите се итни. Останува фактот дека збогатувањето на 60 отсто е без преседан за држава која нема нуклеарно оружје, изјавија преговарачите на Франција, Германија и Велика Британија.

Тие додадоа дека договорот треба да се постигне за неколку недели, а не месеци бидејќи Техеран ги зголемува резервите на збогатен ураниум, една од компонентите за производство на атомска бомба.

Претходно, иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан изјави дека преговорите за спасување на нуклеарниот договор од 2015 година со светските сили се движат во добра насока, а договор е можен доколку другите страни покажат добра волја и сериозност.

Во Виена вчера почна осмата рунда разговори за обновува на Заедничкиот сеопфатен акциски план за иранската нуклеарна програма.

Преговорите за нуклеарниот договор со Иран се водат во Виена од април 2021 година. Преговарачите веќе потврдија дека работата ќе продолжи врз основа на документите разработени во шесте рунди. Беше забележано дека сите страни сакаат да го вратат договорот во првобитната форма. На пример, земјите одредиле кои американски санкции против Иран треба да бидат укинати и листа на чекори во областа на нуклеарната енергија што Иран мора да ги преземе за да се врати на своите нуклеарни обврски.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел