Европарлементот ќе усвои нова резолуција за Сирија

Од:

Европскиот парламент денеска се очекува да ја усвои петата по ред резолуција за Сирија во последниве две година, во која ќе повикува на изразување поголема солидарност меѓу државите во ЕУ во врска со сириските бегалци.

Европарлементот во документот се повикува на податоци на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) за бројот на бегалци, вклучувајќи ги и оние кои очекуваат регистрација, до 20 септември 2013 година. Според овие податоци, Турција прифатила 492.687 бегалци, Либан – 748.608, Јордан – 531.768, Ирак – 190.857, Египет – 124.373, а Мароко, Алжир и Либија – 14.289.

Секојдневно илјадници Сиријци бегаат во соседните држави, а Акцискиот план на ОН за Сирија предвидува бројот на бегалци од земјата да достигне вкупно 3,5 милиони до крајот на оваа година.

Од почетокот на конфликтот во 2011 година, па досега се поднесени 52.037 барања за бегалски статус во ЕУ и нејзините најблиски соседи (Швајцарија и Норвешка), се посочува во резолуцијата. Во неа се дополнува дека Германија примила 14.842 бегалци, а Шведска – 14.083, односно дека овие две држави разгледале 59 проценти од поднесените молби за бегалски статус од сите Сиријци.

Масовните реки бегалци продолжуваат да се забрзуваат, без никакви знаци за скорошен крај на процесот, се додава во резолуцијата. Европарлементот ја поздравува политиката на отворени врати на соседите на Сирија и ги повикува земјите да ги држат своите граници отворени за сите сириски бегалци.

Европратениците ја повикуваат ЕУ да продолжи со финансирањето на хуманитарните и сите други напори за задоволување на потребите на луѓето во Сирија и на бегалците во соседните земји.

Европарламентот ја подвлекува и неопходноста од солидарност со државите од ЕУ, кои се изложени на особен притисок при прифаќањето на бегалци од Сирија.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски