Еврокомисијата ја предупреди Италија поради нацрт-буџетот

Од:

Европската комисија испрати писмо до италијанскиот министер за финансии Роберт Гуалтиери, во кое се вели дека нацрт-буџетот за следната година би можел да ги прекрши фискалните правила на ЕУ, и побара италијанската Влада до среда да испрати појаснување.

Во денешното писм, потпишано од новоназначениот потпретседател на ЕК, Валдис Домобровскис и европскиот комесар за економија и финансии Пјер Московиси, се вели дека прелиминарната проценка на буџетот за 2020 година покажува дека италијанската влада нема фискални мерки за намалување на трошоците.

„Планот на Италија не е во согласност со намалувањето на долговите во 2020 година“, се вели во писмото, во кое се предупредува дека санкциите може да се појават доколку официјален Рим не понуди дополнителни објаснувања или не се измени смени буџетот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим