Еврокомесарот за внатрешен пазар најавува дека до крајот на летото во Европа ќе се вакцинираат сите што сакаат

Од:

Европскиот комесар задолжен за индустриска политика најавува дека сите Европејци што сакаат ќе бидат вакцинирани до крајот на летото, тој притоа е убеден дека „Европа ја доби бутката со вакцините“.

Европскиот комесар одговорен за индустриска политика Тиери Бретон, изутринава на БФМТВ оцени дека „Европската унија, која постигна договори со шест лаборатории за испорака на вакцини, ја „доби војната“ за вакцинација на меѓународно ниво. Тој осигурува дека сите Европејци кои сакаат ќе можат да бидат вакцинирани пред крајот на летото и работи на воведување на нова одредба, кој вклучува потврда за вакцинација, за да им се овозможи на Европејците повторно да патуваат.

-Фабриката за вакцини е најкомплицираната работа, нагласи Тиери Бретон, потсетувајќи дека хигиенските мерки мора да бидат „драстични“, а квалитетот да биде совршен. „Обично се потребни пет години за да се произведе нова вакцина“, рече тој. „Сега успеавме да го сториме тоа за десет месеци “. Според него, „целта за вакцинирање до крајот на летото на сите оние кои сакаат да бидат вакцинирани во Европа(Унијата), може да се постигне без отворање нови фабрики.

-За да се отвори фабрика, потребни се пет години, така што ќе ги искористиме десетте што веќе постојат, објасни тој, пред да додаде дека Европа има „план да биде првиот континент во однос на производството на вакцини за 18 месеци“, план што ќе биде детално објавено оваа среда од Европската комисија.

Запрашан за интересот Европа да нарача дози на руската вакцина, Спутник V, Тиери Бретон беше претпазлив.

-Тоа е вакцина двојно покомплицирана за производство (од другите), рече тој. И во основа, веќе имаме доволно вакцини “.

Тиери Бретон исто така дава поддршка за „потврда за вакцинација“ за патување со авион, а одредбата, според него, веќе ја проучуваат одредени авиокомпании.

-За да се качите во авион, може да побарате од патникот да претстави потврда што покажува дека е имун или да направи брз тест (антиген или со плунка), објасни тој.

Конечно, на темата „ковиден долг“, Тиери Бретон потсети дека по дефиниција, ова не може да биде „вечно“ и дека ќе мора да се отплаќа, но на долги рокови, од околу триесет години. Тој прецизираше дека новите ресурси ќе овозможат финансирање на надоместоците, особено даноците на дигиталната технологија, од кои „значителен дел ќе бидат мобилизирани“ за ковид-долгот. Истото ќе важи и за „граничниот данок на јаглерод“, што ќе овозможи оданочување на увезените производи што не ги исполнуваат европските стандарди.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски