Јужноафриканскиот крајбрежен град Најсна го зафати силен пожар. Над 10.000 лица се евакуирани.
Десетици домови, како и болници и училишта се уништени како последица од пожарот што со голема брзина се шири поради силниот ветер.
Локалните медиуми јавија дека војската планира да им помогне на спасувачките екипи во Најсна.
Градот е популарна туристичка дестинација.