Евакуиран унгарскиот парламент поради бомба

Од:

Дел од унгарскиот парламент е евакуиран откако во подземна гаража која што се наоѓа во непосредна близина е пронајдена неексплодирана бомба од Втората Светска војна.

-Северното крило на парламентот и околното подрачје, вклучувајќи го и Етнографскиот музеј се евакуирани откако градежни работници пронајдоа бомба која што датира од Втората Светска војна, рече портпаролката на војската на Унгарија.

Таа додаде дека бомбата од советско производство е тешка околу 100 килограми и дека воени експерти работат на нејзино деактивирање.

Американските, британски и советски сили во текот на последните месеци од Втората Светска војна бомбардираа многу градови во Унгарија, сојузникот на нацистичка Германија, потсетува „Франс прес“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон