Поради лажен аларм, евакуиран трговски центар во близина на Олимпискиот парк

Од:

Британската полиција попладнево на кусо ги евакуира вработените и посетителите од трговскиот центар „Вестфилд“ во близина на Олимпискиот парк во Лондон.

Полицијата инфомира дека евакуацијата во овој најголем трговски центар во Европа била спроведена откако се активирал противпожарниот аларм во еден ресторан. При евакуацијата стотици лица беа изведени на улицата пред трговскит центар.

Неколку минути подоцна, откако било утврдено дека станува збор за лажен аларм, полицијата ги информирала вработените и посетителите дека можат да се вратат во објектот.

Евакуацијата е спроведена на само еден ден пред почетокот на Летните олимписки игри во Лондон, чие свечеено отворање ќе се одржи утре вечер.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година

Ана Ололовска

Русија ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036

А1он

САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

А1он