САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

Од:

САД соопштија вечерва дека нема да испратат владини претставници на Зимските олимписки игри (ЗОИ), закажани во периодот од 4 до 20 февруари идната година во Пекинг, по што Кина вети „контрамерки“ на таквиот дипломатски бојкот.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Џон Бајден минатиот месец изјави оти размислува за таков дипломатски бојкот за на тој начин да изрази критика на состојбата со човековите права во Кина, вклучувајќи го и тоа што официјален Вашингтон го нарекува „геноцид врз муслиманското малцинство во западната кинеска провинција Ксинџијанг“.

– Администрацијата на Бајден нема да испрати дипломатско или официјално претставништво на Зимските олимписки игри и Параолимписките игри во Пекинг 2022 имајќи го предвид геноцидот што се врши во Народна Република Кина и злосторствата против човештвото во Ксинџијанг, како и другите случаи на кршење на човековите права, изјави портпаролот на Белата куќа, Џен Пекси.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи претходно денеска на брифинг во Пекинг повика поттикнувачите да заговараат дипломатски бојкот на ЗОИ „со цел да не влијаат негативно врз дијалогот и соработката меѓи Кина и САД во важните подрачја“.

САД треба да бидат домаќини на Летните олимписки игри 2028 во Лос Анџелес, што го наметнува прашањето каков во меѓувреме би можел да биде одговорот на Кина на објавениот дипломатски бојкот на Игрите во Пекинг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шчербакова го освои златото во уметничко лизгање

А1он

ВИДЕО: Трусова направи историски подвиг, па во солзи изјави дека се откажува

А1он

Гисин повторно најдобра во комбинација

ВИДЕО: Лизгачката која несакајќи ги покажа градите на последните Олимписки игри, сега освои златен медал

А1он

Одермат златен во велеслалом, Словенецот Крањец сензацонално до среброто

Блинкен не исклучува руски напад врз Украина и за време на ЗОИ во Пекинг

А1он