Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Од:

Во тек е евакуација на цивилите од Азовстал потврди портапролот на Обединетите нации. Претходно Русија соопшти дека се евакуирани две групи од 21 и од 25 цивили. Евакуацијата на дел од цивилите синоќа ја потврди и баталјонот Азов.

Според украински официјални лица во челичарницата Азовстал има околу 1.000 цивили и уште толку војници. Тие живеат во ужасни услови. Има и повредени војници на кои итно им е потребна помош.

И Црвениот крст се огласи во врска со евакуацијата. Информираше дека се извлечени дел од цивилите и дека се пренесени на побезбедна локација. Не се соопштуваат детали за операцијата се додека како што рекоа од Црвениот крст не се создадат адекватни услови за тоа.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков