Евакуација поради бомба од Втората светска војна

Од:

Повеќе од 10.000 лица се евакуирани кога во централниот дел на Унгарија, во близина на една градинка беше пронајдена бомба од Втората светска војна.

Унгарија при крајот на Втората светска војна често беше бомбардирана, па и денес се наоѓаат неексплодирани бомби.

Бомбата која што беше пронајдено во близина на градинката тежи 100 килограми, од кои 25 килограми е експлозив, а е откриена е во градот Секешфехервар, 60 километри југозападно од Будимпешта.

Шефот на полицијата на градот, Норберт Донк рече дека поради деактивирање на бомбата биле евакуирани околу 10.000 лица и била воспоставена безбедносна зона во круг од 400 метри.

Вчера во едно туристичко место, во центарот на Будимпешта, беа евакуирани 1.500 лица поради деактивирање на бомба од 50 килограми од Втората светска војна, која што беше откриена во близина на Будимскиот двор.

Елена Георгиевска
Фото: AFP

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон