Евакуација на 2.000 луѓе во Унгарија поради поплавите

Од:

Владата на Унгарија нареди евакуација поради претпазливост на околу 2.000 жители во Ѓерујфал на северозападот на земјата поради закана од излевање на Дунав, изјави синоќа унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој предупреди дека Унгарија ќе се соочи со најголемиот бран поплави во својата историја и оти народот треба да се подготви за најлошото.

– За жал, водостојот на Дунав измерен на границата веќе го надмина максималното ниво на сите времиња, рече Орбан.

Дунав утрово достигна 8,79 метри во блискиот град Нагибајч, што е за четири сантиметри над претходниот рекорден водостој.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон