ЕУ воведува нови санкции против Сирија

Од:

Европската унија ќе ги заостри санкциите против сириската воена индустрија и ќе ја прошири забраната за патувања во Европа за сириските функционери, за да го затвори дотокот на пари за режимот на претседателот Башар ал-Асад, соопштија во четвртокот дипломатски извори од Унијата.

Владите на земјите членки на Европската унија постигнале прелиминарен договор за мерките со коишто треба да се спречи дотокот на парите со коишто се финансира сириската армија којашто повеќе од 18 месеци војува со вооружената опозиција која сака да го собори од власт претседателот Башар ал-Асад.

Новите санкции би требало да бидат официјално одобрени на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ кој ќе се одржи во Луксембург идниот понеделник, а ќе се однесува на сириските воздухопловни компании, воената индустрија и владата, рекле неименувани дипломатски извори за Reuters.

Новите санкции на Брисел доаѓаат во моментот кога Западот се обидува на осмисли решение за прекинување на насилствата во Сирија, или да моделира санкции кои значително би влијаеле врз сириската влада и ќе ја принудат да ги сопре борбите против бунтовниците. Според сириските опозициски групи, во 18-месечниот конфликт загинале околу 30 илјади луѓе, но властите во Дамаск ја сметаат оваа бројка многукратно зголемена, додека од независни извори не може да се провери, поради строгите рестрикции за странските новинари во областите во кои се одвиваат судирите.

Со новиот бран европски санкции, на компаниите во Европа ќе им биде забранет увозот на оружје од Сирија, како и транспорт и осигурување на сириските продажби, со што се надополнува ембаргото на продажбата на оружје за Сирија, „Тоа е веќе одобрено”, рекол еден дипломат од ЕУ.

Исто така, на сириските воздухопловни компании повеќе нема да им биде дозволено слетување на европските аеродроми.

За уште нови 28 сириски функционери, вклучувајќи и министри во владата кои сѐ уште не беа опфатени со санкциите, ќе бидат забранети патувањата во Европа, а целиот нивен имот во европските земји ќе биде замрзнат.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град