ЕУ сака компромис со Москва за Калининград за да избегне уште еден конфликт

Од:

Превозот на стоки преку Литванија до рускиот регион Калининград би можел да продолжи нормално во рок од неколку дена, рекоа два извори запознаени со темата, додека европските претставници работат на компромис со балтичката држава за да се смират тензиите со Москва.

Регионот Калининград, кој граничи со Европската унија и зависи од патниот и железничкиот транспорт на повеќето стоки преку Литванија, е отсечен од Русија од 17-ти јуни поради санкциите воведени од Брисел.

Европските претставници моментално преговараат за изземање на територијата од санкции и постои можност да се постигне договор уште во јули, доколку Литванија, членка на Европската унија, се согласи.

Иако западните сили ветија дека ќе застанат во одбрана на Украина, повторувајќи го ова на самитите на Г7 и НАТО оваа недела, се покажа дека е многу тешко за Европа истовремено да воведе строги санкции и да избегне понатамошна ескалација на тензиите со Русија.

Доколку не се обнови традиционалната рута за транспорт на руска стока до Калининград преку Литванија, балтичката држава стравува дека Москва би можела да употреби воена сила за да создаде коридор на нејзина територија, изјави еден извор.

Германија, која поддржува компромисно решение, има свои војници во Литванија, кои би можеле да се најдат во конфликт заедно со нивните сојузници во НАТО доколку тоа се случи.

Германската економија, најголемата во Европа, исто така е силно зависна од увозот на руски гас и би била ранлива на какво било намалување на приливот во случај на ескалација на спорот во Калининград.

„Мораме да се соочиме со реалноста, (Путин) има поголема предност од нас. Во наш интерес е да најдеме компромис“, рече еден извор, додавајќи дека Калининград е „светост“ за Москва и дека исходот од договорот е веројатен.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија