ЕУ подготвува алтернативни планови за сместување на големи маси мигранти

Од:

ЕУ се надева дека Турција нема да дозволи толкав голем број имигранти да дојдат до Грција, колку минатата година, но веќе работи на алтернативни планови за сместување на голем број мигранти, изјави еврокомесарот за миграции Димитрис Аврамопулос.

Аврамопулос рече дека не е познато во колкав степен Турција ќе успее да го намали бројот на мигрантите, откако времето ќе затопли, пренесе БТА.

– Додека нашиот договор за соработка со Турција не почне да дава резултати, ситуацијата никако нема да биде лесна. Нивниот прилив ќе продолжи. Затоа веќе почнавме да работиме за планирање во случај на непредвидени околности, додаде тој.

Аврамопулос рече дека во последните две седмици, бројот на пристигнатите имигранти драстично се намалил и покрај поволните услови за пловење, но во средата повторно се зголемил.

Би можело да ве интересира

Мигрантите исчезнаа од јужната граница

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

Речиси 5.000 мигранти загинаа на пат кон Канарските острови за пет месеци

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски